/ Прочитано:

1.298

Отворена предистражна постапка за изборни нерегуларности во Струмица

„Се прибираат материјални докази неопходни за утврдување на фактичката состојба при спроведување на Претседателските и Парламентарните избори во 2014 година. Во денешната акција одземени се два општински компјутери и на разговор се повикани повеќе лица, претежно граѓани гласачи“, се наведува во кусото соопштение од ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција.

izbori.jpg

Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција отворило предистражна постапка за кривични дела против изборите и гласањето.

Како што информираат од Обвинителството, постапката се однесува на гласањето за Претседателските и предвремените Парламентарни избори во 2014 година.

„Се прибираат материјални докази неопходни за утврдување на фактичката состојба при спроведување на Претседателските и Парламентарните избори во 2014 година. Во денешната акција одземени се два општински компјутери и на разговор се повикани повеќе лица, претежно граѓани гласачи“, се наведува во кусото соопштение од ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција.

Акцијата била спроведена во соработка со Министерството за внатрешни работи. Од ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција не откриваат повеќе детали поврзани со случајот.