/ Прочитано:

1.099

Отворениот регионален фонд за Југоисточна Европа – Енергетска ефикасност организира Летна школа 2018

„Отворениот регионален фонд за Југоисточна Европа – Енергетска ефикасност (ORF-EE), имплементиран од страна на Германското друштво за интернационална соработка (GIZ), и Енергетската заедница од Виена организираат Летна школа 2018. Летната школа ќе се одржи во Сплит, Хрватска, во периодот помеѓу 25 август и 1 септември 2018 година, а Факултетот за електротехника, машинство и поморска архитектура од Сплит (https://eng.fesb.unist.hr/) е домаќин оваа година“, информираат од Правниот факултет „Јустинијан Први“.

Школата е наменета за студентите на магистерски или докторски студии, младите експерти, истражувачи, невладиниот сектор, вработените во јавните институции итн., кои доаѓаат од Европа и пошироко. Темата на школата ќе биде енергијата и други релевантни поттеми кои се поврзани со енергијата како главна тема. Предавачи на програмата ќе бидат реномирани висококвалификувани експерти од Европската Унија и од регионот. Сите информации и материјали за Летната школа  можете да ги најдете на следниот линк: https://www.energy-community.org/aboutus/summer-school.html

Организаторот ги покрива трошоците за учество на Летната школа и сместувањето. Краен рок за аплицирање е 31.3.2018. Дополнителни информации поврзани со годинешната школа, како упатства за аплицирање, можете да најдете на следниот линк:

https://energy-community.org/aboutus/summer-school/2018.html