/ Прочитано:

1.203

Пакетот закони за реформи на системот за следење на комуникациите на прво читање во Собранието

Пакетот предлог-закони од областа на следењето на комуникациите се на прво читање на денешната седница во Собранието на Република Македонија. Со новиот текст на Предлог-законот за следење на комуникациите, како дел од овој пакет, се уредуваат постапката за спроведување посебна истражна мерка: следење и снимање на телефонските и другите електронски комуникации; условите и постапката за спроведување на мерките за следење на комуникациите заради заштита на интересите на безбедноста и одбраната на државата; обврските за Оперативно-техничката агенција и операторите, како и надзорот и контролата над спроведувањето на мерките за следење на комуникациите.

Со Предлог-законот за Оперативно-техничка агенција се уредуваат основањето на Оперативно-техничката агенција, надлежностите, раководењето, правата и обврските од работен однос на работниците во Агенцијата, и стручниот надзор што Оперативно-техничката агенција го врши над работата на операторите и нејзиното финансирање.

Предлог-законот за измени и дополнувања на Законот за електронските комуникации, се вели во образложението на овој закон, се заснова врз начелото за заштита на моралниот интегритет и почитување на човековите слободи и права утврдени со устав, закон и ратификувани меѓународни договори.

Со Предлог-законот за дополнување на Законот за класифицирани информации се овозможува постапката за безбедносна проверка од трет степен за лицата назначени во надзорните тела кои вршат надзор над спроведувањето на мерките за следење на комуникациите, како и за ангажираните акредитирани национални и меѓународни технички експерти од тие тела, во согласност со Законот за следење на комуникациите, да трае еден месец од денот на поднесување на барањето.

На јавните трибини посветени на овој пакет закони, експертите истакнаа дека реформите во областа на следењето на комуникациите не се суштински и дека за нив е потреба сериозна дебата и вклученост на стручната јавност и граѓанските организации. Нема гаранција дека ОТА ќе биде нова служба со интегритет.

„Реформите за следењето на комуникациите не се во духот на препораките на Прибе. Моделот за воспоставување на Оперативно-техничка агенција за следење на комуникациите како предложено законско решение е избрзан и не нуди соодветни гаранции во однос на надзорот и не овозможува заштита од политичка злоупотреба“, беше истакнато на дебатата во врска со пакетот закони.

„Нема гаранција дека ОТА ќе биде нова служба со интегритет“ – стручната јавност бара повлекување на законските решенија

Реформите за следење на комуникациите да не бидат козметички, предупредуваат граѓанските организации

Пакетот закони за реформи на системот за следење на комуникациите влегуваат во собраниска процедура

Какви обврски се пропишани за операторите во новиот Предлог-закон за следење на комуникациите

Законското образложение на Предлог- законот за следење на комуникациите

Се брише членот 175 од Законот за електронските комуникации во кој се пропишуваат должностите на операторите при следење на комуникациите

Во подготовка нов Закон за следење на комуникациите и нов Закон за оперативно-техничка агенција усогласени со препораките на Прибе

М.В