/ Прочитано:

708

Парламентарен институт: Работилница за примена на Кодексот за етичко однесување на пратениците

Денеска во Парламентарниот институт ќе се одржи работилница на тема  „Идентификување на потребите за ревидирање на Упатството за примена на Етичкиот кодекс за пратениците“. На работилницата ќе се разгледуваат следните прашања:

  • Воведни согледувања за основните етички принципи и вредности
  • Компаративен преглед на упатствата за примена на етичките кодекси или кодексите за однесување (примери на најдобрите меѓународни практики)
  • Идентификување на областите кои недостасуваат во Упатството за примена на Кодексот за етичко однесување на пратениците
  • Натамошни чекори и идни предизвици.

Целта на Кодексот за етичко однесување на пратениците во Собранието е зачувување и афирмирање на достоинството и угледот на Собранието и на пратениците.

Овој кодекс има цел да ја зголеми довербата на граѓаните и јавноста во основните вредности и интегритетот на функцијата пратеник како индивидуа и на Собранието како претставнички орган на граѓаните и носител на законодавната власт.

Расправа за спроведувањето на Кодексот за етичко однесување на пратениците

Како треба да се однесуваат пратениците според Етичкиот кодекс

Пратениците добија етички кодекс

Предложен кодекс за етичко однесување на пратениците во Собранието на РМ

М.В