/ Прочитано:

462

Пацифичките држави го повикуваат Меѓународниот суд на правдата да донесе одлука за заштита на климата

Тихоокеанските острови загрозени од климатските промени денеска го повикаа Меѓународниот суд на правдата да донесе арбитражна одлука за правните обврски на државите за борба против климатските промени.

Во изјавата објавена по минатонеделниот самит во Сува, лидерите на Пацификот упатија заеднички повик до Хашкиот суд да ги разјасни обврските на државите „да ги заштитат правата на сегашните и идните генерации од негативните ефекти на климатските промени“.

Тие велат дека регионот се соочува со „климатска вонредна состојба“ што претставува егзистенцијална закана за нивниот опстанок. Островите веќе се погодени од климатските промени и се надеваат дека иницијативата ќе ги зголеми правните ризици со кои се соочуваат големите загадувачи и ќе ги поттикне на акција.

Планот ќе треба да биде поддржан од мнозинството земји на Генералното собрание на ОН во септември за да биде претставен пред највисокиот суд во светот.

 

Извор: МИА