/ Прочитано:

3.299

Павлина Црвенковска едногласно избрана за нов претседател на Судскиот совет

Судскиот совет денеска едногласно ја избра Павлина Црвенковска за нов претседател на Судскиот совет. Новата претседателка на Советот упати порака до судиите да работат чесно и одговорно. Сите што работат така, нагласи таа, во мене ќе имаат сојузник. За член на Судскиот совет Црвенковска беше избрана кон крајот на минатата година.

Во биографијата на Црвенковска е наведено дека претходно била советник во Владата, била раководител во Министерството за одбрана, а работела и како адвокат. Официјалната биографија на Црвенковска може да се погледне на следниот линк.

Судскиот совет е самостоен и независен орган на судството. Советот ја обезбедува и ја гарантира самостојноста и независноста на судската власт преку остварување на своите функции во согласност со Уставот и законите. Советот е составен од 15 члена и со него раководи претседателот на Судскиот совет.

Судскиот советник Павлина Црвенковска нов член на Судскиот совет

М.В