/ Прочитано:

2.941

Пендаровски ги предлага Весна Дамева и Селим Адеми за членови на Судскиот совет

Претседателот на државата, Стево Пендаровски, во Собранието поднесе предлози за избор на два члена во Судскиот совет. Пендаровски за членови на Судскиот совет ги предлага Весна Дамева и Селим Адеми. Биографиите на Дамева и Адеми се објавени на веб-страницата на Собранието. Дамева е дипломиран правник со положен правосуден испит и стручен соработник во Кривичниот суд. Адеми е дипломиран правник со положен правосуден испит и магистер на науки и актуелен член на Судскиот совет.

Според Законот за Судскиот совет, двајца членови на Советот предлага претседателот на Република Северна Македонија, а изборот го врши Собранието на Република Северна Македонија, од кои еден е припадник на заедниците кои не се мнозинство во Република Северна Македонија.

Предлогот за избор на членовите на Судскиот совет е на дневен ред на денешната собраниска седница.

М.В