/ Прочитано:

3.264

Пендаровски го предложи Миљазим Мустафа од Министерството за правда за нов член на Судскиот совет

Претседателот на државата, Стево Пендаровски, во Собранието го предложи Миљазим Мустафа за нов член на Судскиот совет.

Миљазим Мустафа е државен советник во Министерството за правда, во Секторот за  меѓународна правна помош.  Тој е дипломиран правник и магистер по европски студии. Во неговата биографија се посочува дека дипломирал и магистрирал на УКИМ и има положено правосуден, нотарски и медијаторски испит.

Работел во Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор, во Министерството за одбрана и во Министерството за правда. Автор е на повеќе научни трудови. Бил и е член на повеќе работни групи и комисии од областа  на правосудството.

М.В