/ Прочитано:

883

Пендаровски: Не го дискредитирав Јавното обвинителство

„Во обраќањето на вчерашната прес-конференција по ниту еден основ немам направено дискредитација на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, ниту пак постои намера за напаѓање на надлежните институции и мешање во кривичните постапки коишто се во тек.

Потенцирам дека во своето обраќање изразив целосна поддршка за надлежните институции, а особено на обвинителството и судот и истакнав дека ќе сторам сè за да ги заштитам од евентуални притисоци при спроведување на истрагата и целосно расветлување на случајот ‘Рекет’.

Уште еднаш укажувам дека е потребно ефективно, брзо и темелно завршување на истрагата за случајот ‘Рекет’, почитувајќи го начелото на пресумпција на невиност“, истакна денеска претседателот на државата, Стево Пендаровски, во врска со денешното соопштение на Обвинителството.

Обвинителството со соопштение до јавноста за изјавата на Пендаровски и случајот „Рекет“

Обвинителката Стефанова ќе дава исказ во Јавното обвинителство

Пендаровски: За случајот „Рекет“ правосудните органи да ја истераат работата докрај

Јанева и Стефанова со изјави за објавените снимки за „Рекет“

ЈО за снимките за „Рекет“: Станува збор за материјали кои се дел од доказната постапка

Објавени нови снимки за случајот „Рекет“

Објавена видеоснимка за случајот „Рекет“

ЈО прибира вербални докази за случајот „Рекет“, изјави дале градоначалниците на Карпош и на Битола

Јанева вели дека не ја злоупотребила должноста

ЈО: Пронајден е вториот мобилен телефон на Катица Јанева

Отворена истрага и предлог за притвор за две лица осомничени за примање награда за противзаконито влијание

Оставка на Катица Јанева

М.В