Пендаровски за случајот „Јавна соба“: Одговорност мора да има во најкус можен рок
„Правото на приватност е загарантирано со највисокиот правен акт – Уставот на Република Северна Македонија.
Деновиве сме згрозени што повторно сме сведоци на случајот ‘Јавна соба’, случај во кој фрапантно се крши приватноста на илјадници жени и девојчиња, понижување, сексизам и насилство кои оставаат трајни последици на нивните животи.
Насилството врз жените и девојчињата, во секоја форма – психичко, физичко, сексуално е казниво со закон. Барам од надлежните институции соодветно да го истражат случајот, а престапниците да бидат гонети и казнети согласно законските прописи. Одговорност мора да има во најкус можен рок.
Доколку не се дејствува сега, се создава можност за креирање на култура на неказнивост за кривични дела со кои се уништуваат животите на илјадници жртви.
Како општество, секој од нас треба да покаже солидарност и поддршка на жртвите, да не дозволиме двојна виктимизација. Да дејствуваме веднаш!“, изјави претседателот Пендаровски.
M.В