/Прочитано:

1.884

Пензионерите без дополнителни приходи немаат обврска да се пријавуваат во системот на УЈП

Денеска Управата за јавни приходи одржа прес-конференција во врска со новините во електронскиот систем за даноци, на која говореше директорката на Управата, Сања Лукаревска.

На прес-конференцијата беше истакнато дека за пензионерите кои не остваруваат друг приход освен пензија обврската за пријавување во електронскиот систем за даноци во УЈП се одложува до 2024 година. Според податоците на УЈП, евидентирани во последните години во државата има 45 илјади пензионери кои покрај пензијата, остваруваат и други приходи.

„Се поставуваат мобилни шалтери на УЈП по општините, дури и во најистурените места, а мобилни екипи на Управата ги посетуваат домовите на изнемоштените лица кои не се во состојба сами да се регистрираат и да го однесат документот. Граѓаните кои имаат потреба да дојде кај нив мобилна екипа може да се јават на телефоните на Управата и да договорат термин“, беше истакнато на денешниот настан, на кој се нагласи и дека носењето на документ во УЈП, покрај електронската евиденција, е заради заштита на податоците и заради зголемена сигурност на граѓаните, односно на даночните обврзници.

На прес-конференцијата беше истакнато дека до денеска преку е-регистрацијата се пријавени 300 илјади граѓани.

„Околу една третина од физичките лица се регистрирале за е-персонален данок. Бројките се менуваат од ден во ден. Овие денови се очекува позасилено темпо на пријавување. Рокот завршува на крајот од годинава“, информираше директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска.

УЈП бара решение за олеснување на регистрацијата на пензионерите

Се разгледуваат можности за олеснување на процедурите за пререгистрацијата во системот на УЈП

УЈП на прес-конференција ги појаснуваше новините за регистрација на граѓаните во системот за годишната даночна пријава

УЈП ја образложува постапката за регистрација на граѓаните во е-системот во врска со годишната даночна пријава 

М.В