/ Прочитано:

1.216

Пет илјади амандмани за предложените измени на Изборниот законик

Група пратеници во Собранието поднесоа предлог-измени на Изборниот законик. Со предложените законски решенија во постојниот изборен модел се воведува една изборна единица на територијата на Републиката.

„Заради надминување на досегашните воочени негативни последици кои произлегуваат од изборниот модел, неопходна е законска интервенција и редизајнирање на постојниот изборен модел, со воведување една изборна единица на територијата на државата“, се вели во законското образложение на предложените измени.

Во врска со предложените законски измени, од Демократската унија за интеграција денеска објавија дека поднеле 5.000 амандмани на текстот на Предлог-законот. Според ДУИ, се работи за процес на еднонасочно, еднострано менување на правилата на игра пред да започнат изборните процеси. Тоа, нагласуваат од ДУИ,  е опасен преседан со кој би се соочиле Собранието и политичката сцена во нашата држава.

М.В