/ Прочитано:

1.424

Пет начини на кои се менува учењето право

Во насока на подобрување на правните студии, според издавачката и информациска компанија „Волтерс Клувер” (Wolters Kluwer), постојат пет главни промени кои се однесуваат на подобрување на студирањето право и кои ги следат трендовите и влијаат при практикувањето на правото, а кои треба да се имаат предвид при креирањето на програмите за идните студенти по право.

pravosudstvo-e1396871340565.jpg

Во статија објавена во магазинот „Форбс“ се вели дека се намалува бројот на студенти запишани на правните универзитети во САД. Според Американската адвокатска комора (АБА), бројот на запишани студенти во прва година на студии по право е намален за 30%, за разлика од 2010 година кога тој број бил над 50 000 студенти.

Во 2016 година може да се очекува благо подобрување, но сепак историски гледано уписот е значајно намален.

Од Одделот за статистика на Министерството за труд на САД, потенцираат дека, иако овој број е намален, сепак, има доволен број работни места за правниците.

Во насока на подобрување на правните студии, според издавачката и информациска компанија „Волтерс Клувер” (Wolters Kluwer), постојат пет главни промени кои се однесуваат на подобрување на студирањето право и кои ги следат трендовите и влијаат при практикувањето на правото, а кои треба да се имаат предвид при креирањето на програмите за идните студенти по право.

Тие вклучуваат:

– промена кон ангажирање повеќе стилови на предавање;

– воведување на експериментирање во предавањата и пракса со про боно случаи;

– отворена релација помеѓу студентите и професорите, која ќе вклучува широка дискусија и развивање на дијалози;

– повеќе практична отколку теоретска настава;

– напуштање на стариот начин на предавање и воведување дигитални алатки во наставата.