/ Прочитано:

1.164

Петкратно убиство кај Смилковци

12.04.2012. –  Околу 22 и 30 часот пронајдени се телата на егзекураните момчиња Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацевски, Киро Тричковски и  45 годишниот рибар Борче Стефковски кај Железарското езеро во близина на селото Смилковци.

13.04.2012.МВР формира Оперативен штаб составен од највисоките старешини од повеќе организациони единици чија задача е да ги координира мерките и активностите коишто се превземаат за целосно расчистување на грозоморното убиство, во меѓувреме сеуште трае увидот на полицијата на местото на настанот. Граѓаните од Радишани во шок, болка и неверување  формираа блокади на влезот и излезот на населбата.

14.04.2012. Обдукцијата е завршена, телата се предадени на семејствата. Во момчињата е пукано одблизу, брзо и прецизно, сите се со прострелни рани од моќно оружје. Куршум се задржал само во едно од момчињата. Пукано е од три различни оружја и од три локации. Во рибарот е пукано од поголема оддалеченост. МВР отвори бесплатна телефонска линија 199 преку која  граѓаните ќе можат да ја информираат полицијата.

15.04.2012.МВР го откри профилот но не и идентитетот и бројот на убијците. Според оперативниот штаб на МВР истрагата добро напредува и е утврдено дека возилото Опел омега што е пронајдено на 10 километри од злосторството било на местото на громорозното убиство. Повиците од граѓаните на бесплатната телефонска линија 199 ги потврдија дел од претпоставките на полицијата.

16.04.2012. – Возилото е донесено во Македонија од странство и е со скопски таблички од друго возило. Тоа не е регистрирано во Македонија и не било во редовен сообраќај. Се работи за возило темно црвена боја Опел Омега, а МВР уште еднаш апелира до граѓаните доколку некој го видел ова возило пред кобниот четврток, информациите да ги сподели со полицијата. ( Околу 17 часот група од 1000 лица направија нереди во центарот на Скопје, парадијќи пред владата, фрлаа камења и уништија полициско возило. ) МВР приведе 10 лица, од нив 5 се деца.

17.04.2012. –  МВР уверуват дека истрагата добро напредува. Околу четириесет лица се јавиле на телефонската линија бидејќи имале информации за возилото. Полицијата сеуште не го исклучува ниту едно можно сценарио за тоа што се случило вечерта во четвртокот покрај Железарското езеро.

18.04.2012. –  Од МВР информираат дека секој ден има по некој нов детал за петкратното убиство но во интерес на истрагата тие не можат да ги изнесат во јавност. Неколку часа траеше реконструкцијата на громорозното убиство кај Смилковското Езеро. Министерката Јанкуловска ги отфрли шпекулациите дека убијците се уапсени.

20.04.2012. – Полицијата заплени снимки од безбедносните камери низ Скопје, за да се провери дали убијците и “Опел омегата“ се уловени на некоја од снимките, тие се од бензински пумпи, пошти, продавници, банки и од други места каде што има надзорни камери. Полицијата најави дека  во наредните неколку дена ќе ги разгледува снимките, со ставен акцент на бензиските пумпи. Сеуште не е исклучено ниту едно сценарио, а ниту пак може со сигурност да се потврди дали убијците го користеле пронајденото возило. Од трагите на калта на гумите на возилото се потврдува дека тоа се наоѓало на местото на злосторот, истовремено тоа не е доволен доказ за да се каже  дека е возило на убијците.