/ Прочитано:

816

Пијан скопјанец го убил својот пријател

Среда, 10 април 2013 – Скопјанецот С. Б. си го убил пријателот Неџат Х., зошто побарал да има сексуален однос со неговата сопруга. Инцидентот се случил ноќеска во два часот по полноќ, а според наводите на полицијата двајцата биле во алкохолизирана состојба.

Според податоците од Министерството за внатрешни работи, ноќва, два часот по полноќ, во куќата на 46-годишниот С.Б. на улицата Охридска во Скопје се случила трагедија. Откако тој и неговиот другар, 50-годишниот Неџат.Х. се запиле, Неџат, почнал да му се заканува и побарал да има сексуален однос со неговата сопруга. 

Под дејство на алкохол избувнала расправија, па револтиран од барањето на другарот, С.Б. со тап предмет го удрил во главата. Од ударот тој починал. 

С.Б. за убиството сам се пријавил во полициска станица, по што е приведен, а телото на починатиот е дадено на обдукција.