/ Прочитано:

4.577

Плаќање на судска такса на ПОС-терминали во Основниот суд Скопје 1

Граѓаните кои поседуваат валидна дебитна или кредитна картичка од оваа недела ќе можат да ја платат таксата на шалтерот за поднесување барање во Основниот суд Скопје 1 – Скопје преку ПОС-терминали на Тутунска банка, информираат од Кривичниот суд.

Основен суд Скопје 1

Со цел олеснување на целокупната процедура за плаќање на законски утврдената судска такса при поднесување барање за добивање потврда – уверение од казнена, кривична или прекршочна евиденција, освен досегашниот начин на плаќање на таксата во банка или пошта преку уплатница, граѓаните кои поседуваат валидна дебитна или кредитна картичка од оваа недела ќе можат да ја платат таксата на шалтерот за поднесување барање во Основниот суд Скопје 1 – Скопје преку ПОС-терминали на Тутунска банка, информираат од Кривичниот суд.

„Ги известуваме сите граѓани дека законски утврдената судска такса може да се плати со која било дебитна или кредитна картичка, а освен утврдената сума која се уплаќа на сметка на Буџет на РМ банката наплатува и 40 денари провизија“, се наведува во соопштението на Судот.

Со цел граѓаните да не се доведат во состојба да мора да издвојат повеќе пари од нивниот буџет, ги известуваме дека при уплаќање на таксата самите одлучуваат дали таксата на сметка на Буџет на РМ ќе ја плаќаат преку ПОС-терминали или преку уплатница во банка или пошта, каде што исто така се плаќа дополнителна провизија, велат од Судот.