/ Прочитано:

3.813

Плаќањето на данокот на доход за 2020 до 2022 година ќе се врши по стапка од 10%

„Според Законот за изменување на Законот за данокот на личен доход (Службен весник на РСМ бр. 275 од 27.12.2019 година), пресметката и плаќањето на данокот на доходот за 2020, 2021 и 2022 година ќе се врши по стапка од 10%, за следните видови доход: доход од работа, доход од самостојна дејност, доход од авторски и сродни права, доход од продажба на сопствени земјоделски производи, доход од права од индустриска сопственост, доход од закуп и подзакуп, доход од капитал, капитални добивки, доход од осигурување и друг доход“, информираат од УЈП.