/ Прочитано:

810

План за подобрување на работата и условите во основните судови

Центарот за правни истражувања и анализи Планот за подобрување на работата и условите во основните судови. Планот е достапен на следниот линк:

План за подобрување на работата и условите во основните судови

Планот за подобрување претставува документ со кој се дефинираат конкретни мерки за подобрување на состојбите утврдени со Функционалната анализа за основните судови. Овој план детално ги опфаќа области кои беа анализирани со страна на тимот на експерти при подготовка на Функционалната анализа, односно Независност и непристрасност, Транспарентност и отчетност, Квалитет на правда, Човечки ресурси, Просторни услови, Информатички системи во основните судови, Автоматизиран компјутерски систем за управување со судските предмети (АКМИС), Финансиско работење, буџетирање и јавни набавки и Родова еднаквост.

Како и Функционалната анализа на основните судови и овој План за подобрување е последен во низата на анализи и планови за
македонското судство кои Центарот за правни истражувања и анализи ги подготви за управните судови, апелациските судови и
Врховниот суд на РСМ и со овие документи се заокружува процесот на анализа на состојбите на целокупниот судски систем во Република
Северна Македонија.

Планот за подобрување содржи конкретни цели и приоритети и предвидува посебни креирани мерки и активности за постигнување на
целите. За спроведување на мерките и активностите е предвидена посебна временска рамка која кореспондира како со легислативни
активности така и со имплементацијата на релевантни закони и други документи кои треба да се донесат или се веќе во примена.
Временската рамка е претставена во тримесечја во кои се извршуваат определените активности и се преземаат определените мерки.
Процесот на изработка на Планот имаше пред се инклузивен карактер бидејќи во тој процес учествуваа претставници на сите основни
судови преку посебни консултативни средби на кои беа дадени коментари и сугестии на претходно доставен нацрт документ. Оваа
инклузивност и консултации сметаме дека се клучни не само при подготовката на Планот за подобрување туку посебно во делот на
неговата примена бидејќи преку консултациите се презентираа сите сегменти на Планот и истите беа прифатени од страна на основните
судови.

Центарот за правни истражувања и анализи ја презентираше Функционалната анализа на основните судови

М.В