/ Прочитано:

1.918

„Плусинфо“: Син на познат политичар од Македонија фатен со дрога во Грција

Понеделник, 20 мај 2013 – На 5 јули во судот во Кукуш, Грција, дваесетгодишен син на познат политичар на Македонија ќе треба да се појави пред грчките судски органи за поседување дрога. Според официјалниот грчки полициски билтен, Македоницот бил уапсен од страна на Единицата на полицијата  за борба со нелегална трговија на дрога од Кукуш, при што заработил кривична пријава за нелегално поседување на наркотични средства и оружје. Количеството дрога за која полицијата во Грција тврди дека е пронајдена во неговото возило, со кое македонскиот државјанин влегол на грчка територија, е мало, најверојатно за негова лична употреба, објавува „Плусинфо“. 

Според ригорозните закони за наркотични средства, кои се дел од глобалната светска борба со наркотици, диктираат строги казни, па оттука Македонецот пред грчкиот суд ќе одговара за тешко кривично дело, за нелеглно поседување дрога и оружје.

Пресумцијата на невиност во европските држави е на високо ниво, па полицијата во Грција, во својот официјален билтен, не ги наведува ниту иницијалите на двесетгодишникот, кој бил уапсен. Според соопштенето на полицијата од Кукуш, настанот се случил помеѓу 1 и 2 мај годинава, на граничниот премин Евзони, на грчка страна, на влезот од Република Македонија кон Република Грција, пишува порталот.

Според Министерството за надворешни работи на РМ велат Конзулатот на Република Македонија во Солун се уште добил известување од грчката полиција за овој случај, иако според нив, известување мора да се испрати по службена должност.

„Дипломатско-конзуларните претставништа имаат можност да обезбедат и правна помош, но тоа го прават доколку државјаните кои треба да одговараат пред органите на прогонот во странската земја, го побараат тоа од амбасадите или од конзулатите. Во конкретниот случај, освен Конзулатот во Солун што не бил известен за случајот, не била побарана и никаква правна помош или обезбедување адвокат“ – велат од МНР за порталот „Плусинфо“.