/ Прочитано:

1.570

По барање на родители: Стамен Филипов поднесе иницијатива до Уставен суд за укинување на задолжителните вакцини

Вторник, 11 март 2014 – Стамен Филипов, познатиот правник и рекордер по бројот на поднесени иницијативи до Уставниот суд, на барање на група родители поднел барање за укинување на задолжителната вакцинација.

Филипов оспорил одредби на три закони: Законот за задолжителна вакцинација, Законот за заштита на децата и Законот за основното образование.

Како што изјавува тој, во прописите спорно е што невакцинирано дете не може да се запише во прво одделение, или мајка на две деца нема да добие надомест за третото, ако првото или второто дете не се вакцинирани.

Токму за овие посочени точки, за запишувањето во прво одделение и за надомесотокот, Уставниот суд треба да одлучи дали како законско задолжение се во согласност со Уставот.

Филипов, исто така, предложил и привремена мерка да се стопира вакцинацијата додека не се произнесат судиите.

Тој е согласен дека од заразните болести луѓето треба да се чуваат, но дека тие не може да бидат уценувани.

„Родителите велат дека државата сигурно не се грижи повеќе за нивните деца, отколку што се грижат самите тие“, вели Стамен Филипов.

За денеска и групата на родителите кои побарале подготовка на ваква иницијатива ќе одржи прес конференција на кои ќе ги образложат мотивите и аргументите за ваквата иницијатива.

М.В