/ Прочитано:

1.820

Правдата на Мартин Нешковски уште не е задоволена, смета неговото семејство

Четврток, 6 јуни 2013 – На денешниот протест кој што се одржа по повод двегодишнината од убиството на Мартин Нешкоски, на местото каде што беше убиен, неговиот брат Александар положи цвеќе во знак на сеќавање. Семејството и невладините сметаат дека правдата не е задоволена и бараат командна одговорнот за смртта на младото момче кое брутално беше претепано од полициски припадник, пред две години. Јавноста се’ уште се прашува, зошто МВР  2 дена молчеше и негираше за претепаниот Нешковски. 

Поголем број граѓани денеска му одадоа почит на Мартин Нешковски. На мирниот протест организиран од „Стоп на полициската бруталност“, движење кое беше формирано по смртта на Мартин, беше речено дека власта не го исполнила основното барања за воспоставување на надворешна контрола на полицијата. Присутни беа и претставници на Хелсиншкиот комитет. Двете организации, како и семејството на Мартин сметаат дека за убиството не е виновен само полицаецот кој е осуден, туку и други лица од полицијата. Хелсиншкиот комитет најави дека правдата ќе се побара во Судот во Стразбур. Движењето  „Стоп на полициска бруталност“ ќе побара од општина Центар да се постави спомен – обележје на плоштадот „Македонија“.

14 години затвор за Игор Спасов за убиството на Нешковски

14 години затвор за убиство со умисла е пресудата за тигарот Игор Спасов која му ја изрече Судскиот совет воден од судијките Радица Василевска и Весна Костовска. Спасов ладнокрвно и без никаква реакција ја дочека пресудата додека семејството на Нешковски бурно реагираше обвинувајќи го судскиот совет дека пресудата е срам за државата. Семејството на денот на пресудата побара командна одговорноста за вработените во МВР кои два дена не излегуваа со информации што се случува со младиот Нешковски. Во образложението на пресудата Судскиот совет се повика на извештаите на судските вештаци и психијатрискиот тим. Тие наведоа дека обдукцијата покажала дека Мартин починал од удар во главата кој му ја скршил носната коска и предизвикал внатрешно крварење во мозокот, додека Спасов, кој беше проценет како емоционално незрела личност, бил пресметлив додека го извршувал делото. За време на судскиот процес кој траеше два и пол месеци беа сослушани десетина сведоци кои имаа различни верзии за настанот и контрадикторни изјави. Во текот на целиот процес, Спасов негираше дека го убил момчето. Спасов останува на своето тврдење, дека тој не го убил Мартин Нешковски. Тврдеше дека Мартин не го удрил во глава, туку дека го удрил во слабината, а како причина за неговата смрт е наведен ударот во носот. Според Спасов, Нешковски се сопнал и паднал на бетонот што било фатално за него. Специјалецот тврдеше дека за време на убиството бил работно ангажиран, спротивно на неговиот командир кој во улога на сведок кажа дека Спасов бил таму приватно и не бил работно ангажиран. Причината за немилиот настан било тоа што Нешковски се обидел да се качи на бината  за време на прославата на изборната победа на ВМРО-ДПМНЕ, по што Спасов почнал да го брка. Пресудата подоцна ја потврди и Апелација.

Полицијата под лупа на медиумите: Зошто 2 дена се молчеше за смртта на младиот Нешковски?

Мартин Нешковски загина ноќта меѓу 5 и 6 јуни 2011 година. Јавноста се крена нозе откако два дена полицијата не излезе со никакви информации околу пронајдено усмртено момче ноќта, за време на прославата. Откако дел од медиумите,  излегоа со инфрмации дека телото на младото момче веќе е предадено во судска медицина, МВР негираше дека има каква било информација. Ситуацијата кулминираше откако по неколку дена, МВР излезе со официјални информации дека момчето е претепено до смрт од припадник на тигрите, а медиумите веќе пишуваа дека полицијата наводно имала првична намера да го „заташка“ случајот.