/ Прочитано:

1.236

По еден месец одложување продолжува судењето за случувањата во Дива Населба

Во вторникот минатата недела рочиштето беше одложено бидејќи иако му беше отстапена на користење големата сала во Врховниот суд на Кривичниот суд, во неа влегоа само обвинетите и обвинителите, додека адвокатите, новинарите и јавноста остана надвор.

Дива населба надвор

Судската полиција на Врховниот суд денеска ќе го обезбеди спроводот на адвокатите, новинарите и јавноста кои го следат процесот „Дива Населба“. По одложување на неколку рочишта, денеска се очекува да започне од почеток единствениот процес за обвинетите за вооружените дејствија од 9 и 10 мај минатата година во кумановската Дива населба и нивните помагачи.

Судењето треба да се одвива во големата сала на Врховниот суд.

Во вторникот минатата недела рочиштето беше одложено бидејќи иако му беше отстапена на користење големата сала во Врховниот суд на Кривичниот суд, во неа влегоа само обвинетите и обвинителите, додека адвокатите, новинарите и јавноста остана надвор.

Судот на почетокот на мај предметот „Молња“ за обвинетите за логистика на кумановската група од Дива Населба го спои со предметот „Дива Населба“.

По спојувањето на двата предмети, Кривичниот суд не можеше да најде соодветна просторија каде што ќе бидат исполнети сите услови за одржување на судењето. Преку барање упатено до Министерството за правда, а со одлука на Владата беше одредено судењето да се одвива во големата сала на Врховниот суд која претходно претседателката на Врховниот суд, Лидија Неделкова, не сакаше да ја отстапи поради безбедносни причини.

Во предметот „Дива Населба“ обвинети се 29 лица кои се товарат за сторени кривични дела терористичко организирање од членот 394 – а и тероризам од членот 394 -б од Кривичниот законик. Судењето започна на 9 февруари, а на досегашните рочишта обвинетите се произнесоа дека не се чувствуваат виновни за делата што им се ставаат на товар и беа сослушани бројни сведоци на Обвинителството: роднини и соседи на обвинетите и полициски службеници учесници во дводневните вооружени престрелки.

Во предметот „Молња“, пак, обвинети се 8 лица за помагање на вооружената група.