/ Прочитано:

1.112

По Хрватска, и во Србија граѓани ја покренаа првата колективна тужба против неколку банки

Вторник, 12 февруари 2013 – Здружението на банкарски клиенти „Ефектива“ ја поднесе првата колективна  тужба до Основниот суд во Белград против 3 банки. Преку тужбата ќе се бара заштита на колективниот интерес на банкарските клиенти. Минатата година во Хрватска граѓански здруженија ја покренаат првата колективна тужба против 8 банки. 

Kако што наведуваат од здружението се работи за прва колективна тужба во историјата на српското правосудство, а претседателот на „Ефектива“ Дејан Гавриловиќ соопштил дека тужбата е поднесена против Хипо-Алпе-Адрија банка, Пиреус и ЕФГ банка и се однесува конкретно на станбени кредити во швајцарски франци.

В0 соопштението стои дека тужбите се базирани врз основа на нефер пресметување на странска валута односно швајцарски франци и нефер примена на промените на каматните стапки од страна на банките. Имено, клиентите сметаат дека банките применуваат нефер пракса и се надеваат дека во иднина на корисниците на кредити ќе им се подобри материјалната состојба.

Овие 3 банки се избрани поради технички причини, за нив постоеле документи и основа за тужба. Но, од здружението велат дека ќе има позитивна пресуда за нив, а тоа може да ги отвори вратите и за другите странски валути, но и да придонесе за постојана и неменлива ниска камата.

Здужението ја повикале и Народната банка на Србија да застане зад клиентите бидејќи според нив пасивноста на Народната банка само ја влошила состојбата на клиентите.

Минатата година граѓански здруженија покренаа колективна тужба против 8 банки во Хрватска. Станува збор за тужба врз основа на 2 околности, нефер користење на странска валута (швајцарски франци) и нефер примената на промените на каматните стапки. Според хрватските статистички податоци, 75 000 граѓани имаат станбен кредит во швајцарски франци. Тужени банки се: Трговска банка на Загреб, Загреб банка, Ерсте банк, Рајфајзен банка, Хипо-Алпе-Адриа банка, ОТП, Сплитска банка и Волксбанк.