/ Прочитано:

1.190

По неколку месеци одложување, во Апелациониот суд започна јавната седница за случајот „Шпион“

На јавната седница првпат присуствуваат обвинители од Специјалното јавно обвинителство, Елизабета Јосифовска и Ленче Ристоска. СЈО ја презеде надлежноста над предметот и на денешната седница се очекува да даде предлог во однос на жалбите на обвинетите.

Јавна седница Шпион

Јавната седница за предметот „Шпион“ започна со презентирање на наводите од жалбите на одбраната за првостепената пресуда на Кривичниот суд. Судијата известител Зоран Димитриевски истакна дека пресудата напишана на 1 056 страници е во целост оспорена од страна на обвинетите и од нивните адвокати.

„Ова е пресуда во која се пречекорени сите рокови. Таа е изготвена со задоцнување од два и пол месеци, обемна е, а одбраната имаше само 15 дена за да поднесе жалба“, стои во жалбените наводи кои ги презентираше судијата Димитриевски.

На јавната седница првпат присуствуваат обвинители од Специјалното јавно обвинителство, Елизабета Јосифовска и Ленче Ристоска. СЈО ја презеде надлежноста над предметот и на денешната седница се очекува да даде предлог во однос на жалбите на обвинетите.

На почетокот, јавноста побара да присуствува на седницата, бидејќи се работи за јавна седница, но судската полиција се обиде да ѝ го забрани присуството поради недостиг од места за седење, па дел од роднините и пријателите на обвинетите мораа да стојат. На крај, на јавноста ѝ беше овозможено да ја следи јавната седница.

М. С.