/ Прочитано:

1.193

ПО ОДЛУКАТА НА УСТАВЕН: Вељаноски свика седница на Собранието за попладне

„Исто така, сакам да го изразам своето длабоко уверување дека натамошниот развој на демократските процеси во Република Македонија најдобро може да се оствари во Парламентот на Македонија заради што ги повикувам сите пратеници независно од политичката определба да земат свое активно учество“, наведува собранискиот спикер.

Собрание внатре

„Како претседател на Собранието на Република Македонија, имајќи го во предвид Решението на Уставниот суд, У. бр. 104/16 од 18 мај 2016 година, ја информирам македонската јавност дека врз основа на сопствените надлежности дефинирани со Уставот на државата, за денес, 18 мај 2016 година во 16:00 часот ја закажав 101. седница на Собранието на Република Македонија“, вели Трајко Вељаноски во денешното соопштение по одлуката на Уставниот суд.

„Исто така, сакам да го изразам своето длабоко уверување дека натамошниот развој на демократските процеси во Република Македонија најдобро може да се оствари во Парламентот на Македонија заради што ги повикувам сите пратеници независно од политичката определба да земат свое активно учество“, наведува собранискиот спикер.

Истовремено, го изразувам и своето силно уверување дека единствено преку постојано надградување на меѓусебните односи помеѓу сите релевантни чинители во државата, на најдобар можен начин ќе се помогне во насока на остварување на носечките македонски стратешки приоритети, какви што несомнено се: членството во НАТО и ЕУ, унапредувањето на стратешките односи со САД, како и создавањето на сите неопходни претпоставки за економски, социјален и сеопшт развој на Македонија, завршува Вељаноски.

(ОБНОВЕНО) Уставниот суд ја прифати иницијативата за оцена на уставноста на распуштањето на Собранието и издаде привремена мерка