/ Прочитано:

1.772

По повикот на Иванов, Кабинетот ги примил првите барања за повлекување на одлуките за помилување

Претседателот Иванов во своето последно обраќање истакна дека останува на одлуката за помилување и повика секој оној што смета дека со помилувањето му е одземено право, му е сторена лоша услуга и својата невиност сака да ја докаже на суд, во писмена форма да поднесе барање за поништување на одлуката која се однесува на него.

Принтскрин Службен весник

Тим од правни експерти ќе треба да ги разгледуваат барањата на Никола Груевски, Бранко Црвенковски, Зоран Заев, Трајко Вељановски, Фатиме Фетаи, Гаврил Бубевски и Лиле Стефанова, потрдуваат од Кабинетот на претседателот Ѓорѓе Иванов. Од таму наведуваат дека овие лица доставиле лични барања во писмена форма.

Претседателот Иванов во своето последно обраќање истакна дека останува на одлуката за помилување и повика секој оној што смета дека со помилувањето му е одземено право, му е  сторена лоша услуга и својата невиност сака да ја докаже на суд, во писмена форма да поднесе барање за поништување на одлуката која се однесува на него.

„Кога ќе ги добијам таквите барања, ќе повикам правни експерти да понудат можно правно решение. И политичките партии можат со свои правни експерти да се вклучат во овој процес“, истакна Иванов во своето обраќање.

Кабинетот на Претседателот остава временска можност и за други лица да поднесат лични барања за поништување на одлуката на претседателот.

Несогласување со одлуката за аболиција изразија повеќе политичари кои се најдоа на листата на 54 лица за кои со 41 одлука претседателот прогласи помилување – ослободување од гонење без спроведување на постапка.

И градоначалникот на Општина Битола Владимир Талески и поранешниот шеф на УБК Сашо Мијалков најавија дека ќе поднесат барање за повлекување на одлуката на Претседателот. Јавно несогласување со одлуката да биде помилуван изрази и членот на Државната изборна комисија Бедредин Ибраими од ДПА, кој е помилуван во иста одлука од страна на Иванов заедно со претседателот на ДПА Мендух Тачи. Со одлуката за помилување не се согласува ниту поранешниот градоначалник на Општина Центар Владимир Тодоровиќ, кој преку писмо истакна дека е изненаден од одлуката и дека работел чесно и во согласност со законите.

На листата на помилувани лица, за кои ќе бидат запрени постапките кои се водат против нив без разлика на фазата во која се наоѓаат, се поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, за кого има 16 одлуки за помилување, поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска за која има 13 одлуки за помилување.

Во одлуките за помилување се најдоа политичари, градоначалници, но и тројца обвинители од Специјалното јавно обвинителство.

М.С.

Иванов останува на одлуката за помилување и повика на фер избори