По предупредувањата дека Врховниот суд има потреба од судии, Судскиот совет треба да донесе одлука за избор на четворица нови судии
Советот треба да донесе одлука за избор на 4 судии во Врховниот суд на Република Македонија. На дневен ред на седницата на Судскиот свет ќе биде предложено и донесување одлуки за избор на судии во повеќе судови.
Судскиот совет најавува дека на идната седница, закажана за 5 септември, ќе разгледува одлука за избор на судии во повеќе судови.
Меѓу судовите во кои ќе биде предложено донесување на одлука за избор на нови судии е и Врховниот суд на Република Македонија, за кој на седница на Советот алармираше претседателката на Судот, Лидија Неделкова, дека е итно потребно да бидат избрани неколку судии бидејќи Судот работи со тешкотии, а поради недостигот од судии, е оценет и како неажурен.
„И покрај напорите вложени за обезбедување ефикасно постапување, сепак, Врховниот суд на Република Македонија не го совлада приливот за 61 предмет. За да се обезбедат услови за непречено и ефикасно работење на Врховниот суд на Република Македонија, неопходно е итно да се пополнат испразнетите судиски места. Врховниот суд на Република Македонија континуирано 2 години е без доволен број судии, што во контекст на целата состојба и видот на работата на предметите доведе до тоа Судот да биде неажурен, а поради тенденцијата и понатаму да не се изберат судии, Врховниот суд на Република Македонија ќе биде неажурен и во 2016 година и извесно е дека ќе биде неажурен и во 2017 година“, велат од највисокиот суд во земјава.
Советот треба да донесе одлука за избор на 4 судии во Врховниот суд на Република Македонија.
На дневен ред на седницата на Судскиот свет ќе биде предложено и донесување одлуки за избор на судии во следните судови:
– 3 (тројца) судии во Основниот суд Скопје 2 – Скопје, според одлуките број 08-2073/1 и број 08-491/1;
– 2 (двајца) судии во Основниот суд Скопје 1 – Скопје, според одлуката број 08-491/1;
– 1 (еден) судија во Основниот суд Велес, според одлуката број 08-491/1;
– 1 (еден) судија во Основниот суд Струмица, според одлуката број 08-491/1;
– 6 (шест) судии во Апелациониот суд Скопје, според одлуката број 08-2073/1;
– 3 (тројца) судии во Апелациониот суд Битола, според одлуките број 08-2073/1 и број 08-732/1;
– 3 (тројца) судии во Апелациониот суд Гостивар, според одлуките број 08-2073/1 и број 08-732/1;
– 2 (двајца) судии во Апелациониот суд Штип, според одлуките број 08-2073/1 и број 08-491/1;
– 1 (еден) судија во Управниот суд, според одлуката број 07-1262/1;
– 2 (двајца) судии во Вишиот управен суд, според одлуката број 08-2156/1.
М. С.