По препорака на ЕУ, Министерството за правда ja афирмира професијата извршител
Четврток, 28 февруари 2013 – Министерот за правда Блерим Беџети денеска присуствуваше на јавна дебата на тема „Афирмација на професијата извршител“ што се одржа во амфитеатарот на Државниот универзитет во Тетово.
Министерот за правда Блерим Беџети укажал дека целта на овие активности е да се подобри системот за извршување на судските одлуки и да се афирмира професијата извршител, што било потенцирано и од Европската комисија во последните извештаи за напредокот на Република Македонија во евроинтегративниот процес.
„Извршувањето на правосилните одлуки на судовите од година во година има се повисок процент насекаде во Македонија, но наша цел е тоа уште повеќе да се подобри за многу институции, правни и физички лица полесно дојдат до своите права“, рече Беџети.