/ Прочитано:

1.368

По трет пат, случајот „Тајвански кредити“ на првостепено одлучување

Вторник, 19 март 2013 – Откако минатиот пат стартот на судскиот процес беше одложен, утре нова шанса за почеток на добро познатиот случајот „Тајвански кредити“ кој по третпат се отвора во Основен суд Скопје 1. Предметот се води против поранешниот лидер на ДА и ексдиректор на Агенцијата за обнова и развој Васил Тупурковски и неговиот заменик Јован Андонов – Реган. Обвинителството двајцата ги товари за злоупотреба на службена положба и овластување, односно дека со одобрување на средства (договори кои биле склучени со 8 фирми) од тајванските кредити ја оштетиле државата за 172. 304.092  денари.

Предметот за првпат беше вратен на повторно одлучување откако Апелациониот суд ја укина простепената пресудата на Основен суд Скопје 1  со која  Тупурковски беше осуден на казна затвор во траење од 3 години и надомест на штетата на Република Македонија во износ од 89.008.917,00 денариЈован Андонов беше осуден на казна затвор од 2 години. Солидарно беа осудени да и го надоместат износот од 61.992.398,00 денари на Република Македонија и да ги платат трошоците за кривичната постапка. Пресудата донесена од страна на судијата Јани Нича беше укината поради утврдување на повреди во постапката. Жалбата на ЈО за гонење на организиран криминал и корупција беше отфрлена како беспредметна.

Откако Апелациониот суд го врати предметот на повторно судење, падна во рацете на судијката Гордана Спиревска. По нешто повеќе од половина година финишираше со ослободителна пресуда за Тупурковски и Андонов. Ваквата одлука е донесена врз основа на образложение дека немало докази за да се докаже обвинението од ЈО.

>> Завршен збор на Васил Тупурковски >> Заршен збор на адвокатот Светлана Савиќ >> Завршен збор на ОЈО

11 месеци подоцна, Апелациониот суд Скопје во совет составен од судиите Катерина Оровчанец, претседател на советот, Гордана Сајковска и Африм Фидани, членови на советот ја уважија жалбата на Основното јавно обвинителство и ја укина првостепената пресуда со образложение дека истата била нејасна, неразбирлива и противречна сама на себе.