Победниците на осмата Ораторска вечер на УГД
Теодора Новеска, студент по новинарство, е победник на осмата Ораторска вечер на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Теодора имаше говор за проблемите во македонското здравство.
Таа во својот говор ги истакна проблемите на родилките во Македонија и условите во македонските болници. Првото место ѝ донесе награда од 12.000 денари, пакет книги во издание на УГД и можност за настап на ораторски натпревар на државно ниво, па потоа и на меѓународно ниво.
Второто место му припадна на Лазар Тасев, кој имаше говор за проблемот со неказнивоста во Македонија и нивото на казните за различни видови на криминал и корупција во Македонија.
Третото место ѝ припадна на Љупка Трајкова, која имаше говор за омразата, лицемерството и неправдата кај луѓето во општеството. Ораторската вечер може да се погледне на следниов линк .
М.В