/Прочитано:

1.634

Почеток на кампањата против врсничко насилство: „И зборовите повредуваат“ и ,,Булинг? Не во моето училиште!“

Што е Булинг? Од каде потекнува и кого засега? Кој е Кругот на меѓуврсничкото насилство? Кои се улогите на учесниците во чин на насилство? Како да го искорениме? Кој е одговорен? Како да создадеме училишта без насилство? Кои се превентивните чекори кои во училиштата може да се преземат а кои во случаи кога има инцидент на насилство?

Првата детска амбасада „Меѓаши“ ја  претставуви кампањата против булинг во училиштата и надвор од нив, наменета да не предупреди за сериозноста на врсничкото насилство. Свесноста дека постои насилство и неговото препознавање е само прв чекор во справувањето со овој проблем. Сакаме долгорочни и адекватни стратегии кои градат училишта (и општество) нетолерантни на насилство.

Меѓуврсничко насилство вклучува широка лепеза на однесувања кои се повторуваат помеѓу врсниците со намера да се навреди/повреди другиот (давање прекари, навредливи коментари, крадење или уништување на своина, графити, озборување, потсмевање, изолација, физичко насилство, сајбер насилство итн.).

Првата детска амбасада во светот МЕЃАШИ од денес 21 Септември – меѓународниот ден на мирот, започнува кампања против врсничкото насилство кое за жал е се поприсутно, особено во училиштата низ државата. Кампањата ќе се одвива и развива во текот на целата учебна година на национално ниво под слоганот „И зборовите повредуваат“ а за училиштата под слоганот ,,Булинг? НЕ во моето училиште“.

Цели на кампањата е препознавање, навремено и адекватно реагирање на различни случаи на врсничко насилство. Врсничкото насилство не е прифатливо и не смее да се третира како „деца се, се караат па ќе се смират“.

Цел на кампањата е и Здружено градење средини кои нема да бидат толерантни кон врсничкото насилство и кои ќе реагираат на овие појави, воедно и превентивно делување но и итно реагирање кога насилството се случува. Повеќе за кампањата на следниот линк .

М.В