Насекаде гранатирани куќи и лешеви, проговори првиот сведок во судењето против Ратко Младиќ
Понеделник, 9 јули 2012 година – Стартуваше доказната постапка во хашкиот предмет кој се води против генералот на војската на Република Српска, Ратко Младиќ. Српските сили ги гранатирале куќите, а муслиманите се криеле по подрумите, никој не побарал од нив да се предадат, вака првиот сведок Елведин Пашиќ пред Трибуналот го опишал прогонот на муслиманското население што се случил летото во 92-та, кога српките сили влегле во селото Хрвачани кај Котор Варош, пренесува РТС. Пашиќ со трепет во гласот ги опишал лешевите и изгорените куќи на коишто наидувал додека се обидувал да преживее. За две седмици на клупата на сведоци ќе седнат и офицерите на УНПРОФОР. По 20 јули почнуваат одморите на судиите од Трибуналот.
На клупата за сведоци прв седнал Елведин Пашиќ, сведокот зборувал за прогонството на несрпското население од општината Котор Варош во Босна и Херцеговина. Во 1992 година Пашиќ имал 14 години.
“Не нападнаа вториот ден од празникот Бајрам. Гранати почнаа да паѓаат, земјата се затресе. Се скривме во подрумот, бевме шест семејства, а гранати ја погодија нашата куќа. Јас не се сеќавам дека Србите ни дадоа ултиматум да го предадеме оружјето“, му објаснувал на судот, сведокот Елведин Пашиќ.
Медицинска сестра и офицери од УНПРОФОР, меѓу сведоците
Во наредните две недели ќе сведочат британски и холандски офицери кои за време на војната биле во Сребреница и Сараево во функција на набљудувачи од страна на УНПРОФОР.
Германската медицинскa сестра, Кристина Шмиц, ќе сведочи за состојбата во Поточари во времето кога четите на Република Српска влегле и останале во селото подолго време.
Во текот на доказната постапка обвинителство ќе повика 413 сведоци, од кои само 148 сведоци ќе се појават во судница. Исказите на повеќето сведоци кои веќе сведочеле на други судење пред Трибуналот, во обид да се заштеди време, во писмена форма ќе бидат приложени пред судот, а одбраната на Младиќ вкрстено ќе ги испрашува.
Само сведочењата на седум сведоци ќе се пренесуваат во живо. За изведување на докази, обвинителството има на располагање 200 работни часови.
Обвинение
Генералот Ратко Младиќ се товари по 11 точки од обвинението за геноцид, злосторства против човештвото и кршање на обичаите и законите при војување. Во две точки Младиќ се обвинува за геноцид во Сребреница и уште 7 босански општини, Братунац, Фочи, Кључ, Приедор, Сански Мост, Власеници и Зворник.
>> Младиќ го наредил геноцидот во Сребреница, заврши излагањето на обвинителството (17.05.2012)
По 9 точки од обвинението, Младиќ е обвинет за прогон, истребување, депортација, убиства, присилно преселување, тероризам, незаконски напади врз цивили и земање на заложници.
>>Обвинителството во Хаг: Раката на Младиќ во сите злосторства, од Сараево до Сребреница (16.05.2012)
Обвинението против Младиќ е фокусирано на прогон на муслимани и Хрвати во 20 општини низ целата земја, тероризирање на населението во Сараево со артилериски и снајперските напади, геноцидот на повеќе од 7.000 муслимани во Сребреница во јули 1995 година. и во седум општини во БиХ, и земањето на заложници “сините шлемови” на Обединетите Нации.
>> Прочитај повеќе за предметот тука.