/ Прочитано:

1.087

Здружение на граѓани против 8 банки: Почна судењето по најголемата колективна тужба во Хрватска

Среда, 4 јули 2012 – Стопанскиот суд во Загреб пред вистински предизвик, во најголемата судница денеска старт на битката Давид против Голијат. Почна судењето во кое група на граѓани тужат 8 банки, а истовремено станува збор за најголемата колективна тужба во историјата на хрватското правосудство. Тужбата е покрената од страна на здружението Франак и Друштвото за заштита на потрошувачите од Хрватска против банките кои според нив имале нефер одредби во договорите за заем и еднострано ги промениле каматните стапки.

Ова е прв случај на колективна акција од овој тип и  засега судот нема искуство или практика во однос на вакви случаи. Овој потфат ќе биде предизвик за судот, судиите, Владата, вештаците, медиумите и здруженијата. Тужени банки се: Трговска банка на Загреб, Загреб банка, Ерсте банк, Рајфајзен банка, Хипо Алпе Адриа банка, ОТП, Сплитска банка и Волксбанк.

Со тужбеното барање кое се темели на Законот за облигационите односи и Законот за заштите на потрошувачите, тужителите бараат:

  • поништување на нефер договорните одредби,
  • да се забрани нивната употреба  и
  • надомест за штетите настанати од користењето на нефер одредбите.

Според здружението Франак, во Хрватска има над 100.000 должници кои подигнале кредит од овие комерцијални банки во странската валута – швајцарски франци, од нив 75. 000 се станбени кредити, но поради зголемувањето на вредноста на франкот и промената на каматните стапки во последниве години, отплатаната стапка се зголемила за 35 проценти. Поради зголемените месечни рати граѓаните не биле во можност да ги платат ратите и поради тоа бројот на запленувања се зголемил за 33 пати.

Должниците на банките сметаат дека во услови на криза банките се богатат на нивна сметка зголемувајќи ги каматните стапки.

Се нашле на интернет и решиле да  направат нешто за подобрување банкарски услуги

Здруженито Франак е група на граѓани составена од: економисти, електрични инженери, компјутерски научници, трговци, лекари, математичари, медицински сестри, едукатори, политички научници, правници, психолози, социолози,  професори,  уметници, вработени, невработени, студенти, пензионери. Како што велат, соочени со неправедниот однос на комерцијалните банки случајно се нашле на интернет и решиле да  направат нешто за подобрување банкарски услуги и го формирале Здружението Франак.

Активности на Франак се:

  • правна борба против сите незаконски практики на банките и оние постапки кои што се на штета на заемопримачот;
  • поттикнување на надлежните институции да усвојат легислатива и други регулаторна рамка за заштита на позајмувачот;
  • заложби за јасно да се дефинираат условите под кои комерцијалните банки може да ги променат условите за кредитирање;
  • заложби за строго и транспарентно да се дефинираат каматните стапки на банките според  стандардите на ЕУ;
  • собирање на податоци за кредитни услови комерцијалните банки и на економските индикатори кои го сочинуваат контекст на банкарскиот бизнис во Републиката;
  • да се информираат должници за нивните права и
  • негирање и осуда на банките кои користат лажни информации  во пропаганда и маркетинг кампањи.