/ Прочитано:

2.040

Податоци на Државниот завод за статистика за насилната смрт во Република Македонија

Според податоците на Државниот завод за статистика, во Република Македонија бројот на умрени лица од насилна смрт е намален за 3.1%, во однос на претходната година и изнесува 497 умрени лица.

Умрените од насилна смрт, во вкупниот морталитет учествуваат со 2.4%. Во структурата на умрените од насилна смрт според полот, и во 2016 година, како и во претходните години, поголемо учество (76.1%) имаат машките лица.

Во вкупниот број случаи на насилна смрт, најголемо учество имаат „несреќните случаи“ со 71.2%, „самоубиствата“ со 25.2% и „убиствата“ со 3.6%. Во категоријата „несреќни случаи“, најголемо учество (26.0%) имаат умрените лица од „други надворешни  причини за случајна повреда“.

Во категоријата „самоубиства“, случаите кај кои смртта настапила поради „бесење, странгулација и суфокација“ имаат најголемо учество со 13.5%. Во категоријата „убиства“, доминантна причина за смрт е „обид за нанесување на телесна повреда со тап предмет“, со учество од 1% во однос на вкупниот број случаи од насилна смрт.

М.В