/ Прочитано:

1.871

Податоци на Државниот завод за статистика за просечната месечна исплатена нето-плата

Државниот завод за статистика објави податоци за просечна месечна исплатена нето-плата по вработен за месец април 2017 година.

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во април 2017 година, во однос на април 2016 година, изнесува 101.4.

Ваквото зголемување е резултат, пред сè на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по
вработен во секторите: информации и комуникации (22.4%), рударство и вадење камен (14.7%) и трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (6.1%).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: информации и комуникации (14.4%), трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (4.0%) и градежништво (3.9%).

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во април 2017, изнесува 22.672 денари. Во април 2017 година, 0.9% од вработените во Република Македонија не зеле плата.

M.В