/ Прочитано:

727

Податоци на УЈП за искористеноста на мерките за финансиска поддршка

„Со отпочнување на здравствено економската криза предизвикана од коронавирусот, Управата за јавни приходи како институција која што гради и остварува партнерски однос со даночните обврзници се стави на целосна услужност во реализацијата на мерките за финансиска поддршка, кои значат поддршка за сите физички и правни лица што се соочуваат со последиците од корона кризата.

Управата за јавни приходи активно се вклучи во сите процеси и фази за спроведување на овие мерки почнувајќи од учество во изготвување на уредбите, поставување на обрасците на електронските платформи на УЈП, софтверско прилагодување на системите на УЈП во фаза на прием и обработка на поднесените барања како и достава на точна евиденција до институциите надлежни за исплата на финансиската поддршка.

Брзото, лесно и едноставно аплицирање за користење на мерките кое го спроведе Управата за јавни приходи, ја овозможи следната состојба за искористеност на истите по месеци:

  • Мерка – финасиска поддршка на работодавачите погодени од здравствено економската криза предизвикана од корона вирусот заради исплата на платите на работниците за месеците април, мај и јуни 2020 година:
    – за месец април мерката е искористена од страна на 19.743 работодавачи со кој се опфатени 128.409 вработени, во износ од 1.792.970.895 денари,
    – за месец мај мерката е искористена од страна на 19.956 работодавачи со кој се опфатени 118.069 вработени, во износ од 1.646.458.185 денари,
    – за месец јуни мерката е искористена од страна на 15.326 работодавачи со кој се опфатени 73.381 вработени, во износ од 1.019.290.267 денари.
  • Мерка – финансиска поддршка на физички лица кои вршат самостојна дејност предизвикана од здравствено-економската криза предизвикана од коронавирусот COVID-19 за месеците април, мај и јуни 2020 година
    – за април мерката е искористена од страна 5.792 физички лица кои вршат самостојна дејност во износ од 83.984.000 денари
    – мај мерката е искористена од страна 5.985 физички лица кои вршат самостојна дејност во износ од 86.782.500 денари
    – јуни мерката е искористена од страна 5.838 физички лица кои вршат самостојна дејност во износ од 84.651.000 денари
  • Мерка- субвенционирање на исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување за време на вондредна состојба, одобрени се: за април 2.531, за мај 2.463 и за јуни 2.101 барања од фирми.
  • Мерка – субвенционирање на исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување за вработените во медиумите кои работеле и известувале за надминување на состојбата со COVID-19 за време на траење на вонредната состојба за месец, јуни, јули и август 2020 година досега поднесени 68 барања.
  • Мерка – ослободувањето од плаќање на износот на аконтациите на данокот на добивка за време на траење на вонредна состојба т.е за месеците март, април, мај, јуни и јули се одобрени 973 барања.
  • Мерка- ослободувањето од плаќање на износот на аконтациите на данокот на личен доход за време на траење на вонредна состојба т.е за месеците март, април, мај, јуни и јули досега одобрени се 707 барања.

Управата за јавни приходи исто така учествуваше и во спроведување на мерката за издавање домашна платежна картичка наменета за купување на македонски производи и услуги како финансиска поддршка на граѓани и вработени лица со низок доход, млади лица на возраст од 16 до 29 години и здравствени работници кои учествуваат во тестирање, дијагностицирање и лекување на граѓани заболени од COVID-19, и мерката – издавање и користење на ваучери за поттикнување на домашниот туризам во услови на намалена економска активност заради здравствено-економската криза предизвикана од Коронавирусот COVID-19“, се наведува во соопштението на УЈП.