Подготовката на новиот Закон за медијација е во завршна фаза
Министерот за правда Бојан Маричиќ кој учествуваше на конференција на тема „Придобивките од медијацијата како алтернативен начин на решавање на спорови“ во своето обраќање најави дека подготовката на новиот Закон за медијација е во завршна фаза.
„За таа цел се формираше работна група за изработка на законско решение со кое треба да се надминат досега констатираните проблеми на кои укажа праксата при постапките за медијација. Работната група, при изработка на Законот, продолжи со следење на европските искуства, и тоа како на Советот на Европа така и на Европската Унија“, рече министерот.
Маричиќ презентираше и дел од новитетите кои се предвидуваат со новото законско решение.
„Во Законот се воведува новина во однос на начинот на полагање на испитот за медијатор пред комисија што ќе влијае на создавање на квалитетен, стручен и обучен кадар кој успешно ќе ги извршува работите од областа на медијацијата. Внесот на сите примени барања за медијација во Електронскиот регистар станува задолжителен, како и податоци за натамошниот тек на постапката, а податоците се покажаа исклучително статистички корисни, од кои може да се генерираат параметрите на применливоста и успешноста на медијацијата во пракса и ќе се овозможи врз основа на запишаните предмети во Регистарот, медијаторот да го оствари правото на субвенционирање на постапките за медијација“, потенцираше Маричиќ.
Според министерот, медијацијата како начин за решавање на споровите говори и за културата во општеството, во смисла дека разликите може да се надминат преку дијалог, разбирање и избегнување на стресот и трошоците кои може да настанат од одржувањето на судските рочишта.
Е-Регистар за евидентирање предмети на медијација
Комората на медијатори и Академијата за судии и јавни обвинители потпишаа меморандум за соработка
Расте бројот на предмети решени со медијација
Новиот Предлог-закон за медијација на второ читање пред Законодавно-правната комисија
Министерство за правда: Потпишувањето на Сингапурската конвенција за медијација е историски настан
Новиот Закон за медијација со европско знаменце во собраниска процедура
Целта на Законот за медијација е приближување на земјата кон ЕУ, се вели во законското образложение
Драстично зголемување на бројот на предмети кај медијаторите
Европска конференција за медијација во Скопје
Меморандум за соработка меѓу Комората на медијаторите и Владата
Програмата за поддршка на медијацијата донесена од Врховниот суд
Министерството за правда подготвува Закон за медијација
Советите на правните застапници се клучни при алтернативното решавање на трговските спорови
ЗА УЛОГАТА НА АДВОКАТИТЕ ВО ПОСТАПКАТА ЗА МЕДИЈАЦИЈА: Интервју со адвокатот Јане Илијески
АЛТЕРНАТИВНО РЕШАВАЊЕ СПОРОВИ: За медијацијата клучна е довербата
АСОЦИЈАЦИЈАТА ЗА ПОДДРШКА НА МЕДИЈАЦИЈАТА: Медијацијата нуди прифатливи решенија за компаниите
Научно толкување на членот 66 од Преодните и завршни одредби на Законот за медијација
М.В