/ Прочитано:

2.309

Подготвен Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за оружјето

Владата на РМ го разгледа и го утврди новиот Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за оружјето, и донесе одлука да го достави до Собранието на Република Македонија на натамошна постапка.

Определени точки на изменување на Законот, меѓу другото, се однесуваат на преквалификација на определени видови оружје, на ограничување на правото на набавување на кусо и долго огнено оружје со жлебени цевки за лица помлади од 25 години под определени услови, на продолжување на рокот за заменување на дозволите за поседување и носење на оружје и дозволите за поседување на оружје, повторно воведување на легализација на оружјето од Б, Ц и Д категорија кое се поседува без соодветна важечка исправа издадена во согласност со одредбите на стариот Закон за набавување, поседување и носење на оружје и Законот за оружјето.

М.В