/ Прочитано:

4.471

Подгответе се за приемниот испит за Академијата за судии и јавни обвинители со Академика

Академика нуди единствена можност за сите кандидати за прием на слушатели во почетна обука на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ – месечен пристап до www.akademika.com.mk по промотивна цена, што ќе им овозможи квалитетно и ажурно да се подготват за приемниот испит во Академијата.

Почнувајќи од 20 јуни, па сè до 10 јули сите кандидати во Академијата ќе имаат можност да добијат ексклузивен пристап до најдобрата електронска збирка на македонски прописи на интернет во износ од 1.550 денари со вклучен ДДВ.

Преку можностите и содржините што ги нуди Академика, кандидатите за идни судии и јавни обвинители ќе можат брзо и лесно да ги читаат и да ги проучуваат законските прописи, подзаконските акти, одлуките на Уставниот суд и на редовните судови.

Имајќи го на дланка домашното законодавство преку брзо и прецизно пребарување на најдобрата збирка на македонски прописи, кандидатите во Академијата ќе ги збогатат своите правни знаења во делот на материјалното и процесно право и успешно ќе се подготват за приемниот испит.

Повеќе информации на е-пошта: akademik@akademik.com.mk  и на тел.бр. +389 02 3221 091 и +389 02 3237 465.