/ Прочитано:

841

Поднесен нов Предлог-закон за образование на возрасните

Владата во Собранието поднесе нов Предлог-закон за образование на возрасните. Со овој закон се уредуваат организирањето, структурата, финансирањето и управувањето на системот на образование на возрасните. Образованието на возрасните е дел од единствениот систем на образованието.

„Имајќи предвид дека се поминати повеќе од 10 години од донесувањето на Законот за образование на возрасните, се јави потреба да се донесе нов Закон за образование на возрасните. Предложените измени во новиот закон се однесуваат пред сѐ на валидацијата на неформалното и информалното учење, но и унапредување на процесот на верификација на посебните програми за образование на возрасните, како и на улогата, целите и задачите на Центарот за образование на возрасните. Покрај тоа, со донесување на Националната рамка на квалификации, се јави потреба за усогласување на Законот за образование на возрасните со Законот за НРК.

Еден од поважните приоритети за следниот период, коj ќе биде во наш фокус, а воедно и заеднички интерес, e воспоставувањето на систем за валидација на неформалното и информалното учење. Системот за валидација на неформалното и информалното учење ќе овозможи стекнување на квалификации на лицата без или со низок степен на квалификации, а преку тоа би се очекувало нивна поголема вклученост во пазарот на труд, со крајна цел намалување на стапката на невработеност во земјата“, се вели во законското образложение.

M.В