Поднесен обвинителен акт за случајот „Рекет 2“
По спроведена сеопфатна истражна постапка, надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска до Основниот кривичен суд – Скопје достави обвинителен акт против пет физички лица и едно правно лице, соопштуваат од Јавното обвинителство, а во врска со случајот „Рекет 2“, односно случајот со Меѓународниот сојуз.
„Со дејствијата опишани во Обвинителниот акт кривичното дело Измама предвидено и казниво по член 247 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик се става на товар на првоосомничениот, а три лица се обвинети за помагање во извршувањето на истото кривично дело, воедно за кривичното дело Измама по член 247 став 8 во врска со став 4 во врска со став 1 е обвинето и правното лице. Првообвинетиот се товари и за кривично дело Перење пари и други приноси од казниво дело по член 273 став 1, при што три лица се обвинети дека му помогнале во извршувањето на ова кривично дело. Едно лице, освен за помагање при перење пари и други приноси од казниво дело е обвинето и за кривично дело Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи по член 396 став 1 од Кривичниот законик.
Во периодот од 8.7.2017 година до 13.04.2018 година првообвинетиот како претседател на обвинетата невладина организација, со намера за себе да прибави противправна имотна корист ги искористил документите од правното лице и две оштетени лица – управители на друштва ги довел и одржувал во заблуда. Тој лажно прикажувал дека ќе обезбеди државно неизградено земјиште за изградба на Европски центар за возрасни лица и мобилен сервис, како и субвенции од страна на државата и оштетените вака доведени во заблуда на штета на својот имот му исплатиле преку Македонска авторска агенција износи кои надминуваат значителна вредност, и тоа 719.905 евра, односно 233.821 евра во денарска противвредност. Тројца обвинети со умисла му помогнале на првообвинетиот во измамата. Две обвинети лица му ставиле средства на располагање – ги изготвувале договорите, ги подигале уплатените пари и му ги давале на рака на првообвинетиот и со умисла му помагале да ги пушти во оптек иако знаеле дека потекнуваат од кривично дело Измама и Примање награда за противзаконито посредување. Второобвинетата, откако првообвинетиот ќе ѝ дадел готовински средства, иако немала никакво легално покритие, ги уплаќала во вид на донација или по основ на позајмица на правните лица поврзани со првообвинетиот. Третообвинетата со својот углед и авторитет го поддржувала првообвинетиот на средбите со оштетените, давајќи му совети и упатства за оштетените да стекнат доверба во наводниот проект и однапред да уплатат одреден износ пари и да ги потпишат договорите.
Петтообвинетиот, иако знаел дека парите потекнуваат од кривично дело Измама и Примање награда за противзаконито посредување, со умисла му помогнал на првообвинетиот да ги пушти во оптек, па откако првообвинетиот ќе му дадел готовински средства, тој ги уплаќал на својата девизна сметка, дел пренесувал на сметките на правните лица по основ на поврат на позајмица, дел ги подигал во готовина и ги уплаќал на правните лица по основ на позајмица, а за сето тоа нема легално покритие. Воедно, петтообвинетиот во својот дом неовластено држел огнено оружје три полуавтоматски пиштоли и муниција.
Надлежниот обвинител ценејќи дека сѐ уште постојат условите за определување на мерката куќен притвор за второобвинетото лице, до Основниот кривичен суд – Скопје достави и посебен предлог со кој се предлага мерката куќен притвор определена од судија на претходна постапка да биде продолжена“, се вели во соопштението на Обвинителството.
Продолжува судскиот процес за случајот „Рекет“ со сведочење на Јосифовска
Сведочење на бизнисмени во случајот „Рекет“
Јовановски во Обвинителството за случајот „Рекет 2“
Искази во Обвинителството за случајот „Рекет 2“
Се прибираат потребни известувања за аудиозаписите објавени на „Јутуб“
Сведочење на Ана Камчева во случајот „Рекет“
Продолжува судењето за случајот „Рекет“
Сведочење на Камчев во случајот „Рекет“
Продолжува судскиот процес за случајот „Рекет“
Жалбата на Бојан Јовановски за притворот отфрлена како недозволена
Зоран Милески – Кичеец осуден на три години затвор во случајот „Рекет“
Судскиот совет и Здружението на судии во врска со пораката на Русковска
Не е дадена согласност за издавање пасош со ограничен рок на важење на Орце Камчев
Обвинителството: Реакцијата на Русковска е израз на моментално разочарување
Апелациониот суд со соопштение за СМС-пораката на обвинителката Русковска упатена до судија
Куќен притвор за Катица Јанева
Обвинителниот акт за случајот „Рекет“ одобрен во целост
Одбиени предлозите на Јанева и Јовановски за укинување на притворот
Соопштение на Обвинителството за новите написи на „Ла верита“ за случајот „Рекет“
Кривични пријави на УJП против повеќе правни лица поврзани со Бојан Јовановски
Обвинителен акт за предметот „Рекет“
ЈО: Под истрага нови лица во врска со случајот „Рекет“, меѓу кои и еден функционер
Бојан Јовановски во Обвинителството
Предложено основање на Анкетна комисија за утврдување злоупотреби во работењето на СЈО
И Бојан Јовановски останува во притвор
Апелациониот суд ќе одлучува за притворот на Бојан Јовановски
Увид во доказите за случајот „Рекет“
Кривичниот суд: Определен куќен притвор за Зоран Милески
И Катица Јанева ќе врши увид во доказите
Јанева повикана во Обвинителството
JO: Завршена истражната постапка за осомничените во „Рекет“
Во Обвинителството Бојан Јовановски дава исказ за случајот „Рекет“
Нови искази во Обвинителството за случајот „Рекет“
Продолжен притворот на Катица Јанева за нови 30 дена
Обвинителството бара продолжување на притворот за Јанева
Специјалните обвинители се враќаат во матичните обвинителства, одлучи Советот на јавните обвинители
Законот за СЈО: Мандатот на јавните обвинители нема да го надмине мандатот на јавниот обвинител
Продолжува постапката за разрешувањето на Јанева
Пратеникот Кирацовски во Обвинителството за случајот „Рекет“
Извештајот за Катица Јанева пред Комисијата за прашања на изборите и именувањата
Јавното обвинителство: Ќе го разгледаме поднесокот од Јанева
Соопштение на СЈО за полномошното од Јанева
Пратеничката Ременски во Обвинителството за случајот „Рекет“
Започна постапката за разрешување на Катица Јанева
Извештајот за Јанева доставен до Советот на јавни обвинители
Жалбата на Катица Јанева за притворот одбиена како неоснована.
Законските одредби за разрешувањето на јавниот обвинител кој раководи со СЈО
Етичкиот кодекс на јавните обвинители за односот на обвинителот со обвинетиот
Начела до кои обвинителите се должни да се придржуваат според Етичкиот кодекс
ЈО прибира вербални докази за случајот „Рекет“, изјави дале градоначалниците на Карпош и на Битола
Определен притвор за Јанева, Обвинителството продолжува со истрагата за случајот „Рекет“
Детали од Обвинителството за истрагата против Катица Јанева, која денеска беше приведена
Јанева не чувствува вина за „Рекет“
Катица Јанева дава исказ во Јавното обвинителство за случајот „Рекет“
Обвинителот Рустеми од СЈО ќе дава исказ во Обвинителството
ЈО: За случајот „Рекет“ во тек е финансиска истрага и прибирање на доказен материјал
По предлог на Обвинителството продолжена мерката притвор во предметот „Рекет“
Пендаровски: Не го дискредитирав Јавното обвинителство
Обвинителството со соопштение до јавноста за изјавата на Пендаровски и случајот „Рекет“
Обвинителката Стефанова ќе дава исказ во Јавното обвинителство
Пендаровски: За случајот „Рекет“ правосудните органи да ја истераат работата докрај
Јанева и Стефанова со изјави за објавените снимки за „Рекет“
ЈО за снимките за „Рекет“: Станува збор за материјали кои се дел од доказната постапка
Објавени нови снимки за случајот „Рекет“
Објавена видеоснимка за случајот „Рекет“
ЈО прибира вербални докази за случајот „Рекет“, изјави дале градоначалниците
Катица Јанева разрешена од функцијата
СЈО му ги предава предметите на Јавното обвинителство
Блупринт-групата: СЈО како институција треба да продолжи со работа
Соопштение на СЈО: Подготвени сме веднаш да ги предадеме предметите на Јавното обвинителство.
СЈО: Немаме добиено писмен допис од Јавното обвинителство
Јанева вели дека не ја злоупотребила должноста
ЈО: Пронајден е вториот мобилен телефон на Катица Јанева
Коментари на Блупринт-групата за Предлог-законот за јавното обвинителство
Консултации за Законот за јавното обвинителство и различни ставови на експертите
Предлог-законот за јавното обвинителство на второ читање пред Законодавно-правната комисија
Предлог-законот за јавното обвинителство на собраниска седница по скратена постапка
БЛУПРИНТ ГРУПА: Донесените закони се добра основа за промени, потребна е доследна имплементација
Заклучоци од конференцијата „Поглавјето 23: македонското сидро или едро“
Блупринт групата достави конкретни решенија за Предлог-законот за јавно обвинителство
Извештај во сенка за Поглавјето 23 за периодот јуни 2018 – март 2019 година
Дијалог за реформите во Поглавјето 23
Позитивно мислење на Венецијанската комисија за Законот за Судскиот совет
Анализа за трансформацијата на СЈО и проблемот со неговата уставност
Министерство за правда: Законот за јавното обвинителство е закон без скриена амнестија
Граѓанските организации бараат повлекување на Предлог-законот за јавното обвинителство
Јавниот обвинител на СЈО за својата работа ќе одговара пред републичкиот јавен обвинител
Детално образложение на Законот за јавното обвинителство, во кој е уреден и статусот на СЈО
Новините во предложените измени на Законот за Советот на јавните обвинители
Детално образложение на Законот за јавното обвинителство, во кој е уреден и статусот на СЈО
СЈО да биде дел од ЈО, со посебна автономија
Јовески: Да постои единствен закон за Јавно обвинителство, во кој би се вклопил и Законот за СЈО
М.В