/ Прочитано:

532

Поднесен обвинителен предлог за загрозување на сигурноста на полициски инспектор

Основното јавно обвинителство Гостивар поведе постапка и поднесе Обвинителен предлог против 47-годишен Гостиварец кој се товари за кривично дело – Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

На 2 октомври, додека се вршела акциска контрола во угостителски објект во близина на автопатот Гостивар-Тетово, обвинетиот повеќе пати се заканил на службено лице – инспектор во ОВР Гостивар кое вршело службени дејствија.​