Поднесена кривична пријава против четворица скопјани за криумчарење на мигранти
Среда, 5 март 2013 – При полициска контрола на возила, вкупно 12 мигранти на 27-ми февруари се затекнати кај кумановското село Киселица, во четири патнички возила, управувани од четворица скопјани, информираат од МВР.
Се работи за шестмина се државјани на Брегот на Слоновата Коска, тројца на Мароко, двајца на Мали и еден на Фарските острови. Против четворицата скопјани е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „криумчарење на мигранти“ и им е одредена мерка притвор во трање од 30 дена. Странските државјани се сместени во Прифатен центар за странци – Скопје.
Исто така минатата недела при контрола на возило од страна на припадници на БПСА-Петровец на автопатот Скопје – Куманово поточно на клучка „Хиподром“, во возило „Форд“ со скопски регистарски таблички управувано од З.З.(55) од Скопје откриени се тројца странски државјани од Бангладеш (според нивно кажување) без идентификациски документи, посочуваат од МВР.