/ Прочитано:

1.697

Поднесено обвинение против поранешниот градоначалник на Охрид за предметот „Јагула“

Како што информираат од Обвинителството, Петрески се товари за едно продолжено кривично дело – злоупотреба на службената положба и овластување и за кривичното дело примање поткуп. Покрај Петрески, со обвинителниот акт е опфатен и Г. С., како помагач за едно продолжено кривично дело – злоупотреба на службената положба и овластување.

Апесење на поранешниот градоначалник на Општина Охрид

Обвинителството за организиран криминал и корупција поднесе обвинителен акт против поранешниот градоначалник на Општина Охрид, Александар Петрески, за предметот „Јагула“.

Како што информираат од Обвинителството, Петрески се товари за едно продолжено кривично дело – злоупотреба на службената положба и овластување и за кривичното дело примање поткуп. Покрај Петрески, со обвинителниот акт е опфатен и Г. С., како помагач за едно продолжено кривично дело – злоупотреба на службената положба и овластување.

„Имено, во ноември 2014 година, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе наредба за спроведување на истражна постапка против шеснаесет лица, меѓу кои за пет државни службеници вработени во Општина Охрид и за пет управители на трговски друштва. Осомничените се товареа дека во периодот 2006 – 2013 година, при вршење на јавни набавки за потребите на Општина Охрид, сториле кривично дело – злоупотреба на службена положба и овластување и други кривични дела, со што за други правни лица прибавиле имотна корист од околу 112 милиони денари, односно 1,8 милиони евра, а на штета на Општината“, се наведува во соопштението на Обвинителството.

Во текот на минатиот месец, Обвинителство  со петмина осомничени Б. К., С. К, З. Ш., Е. С. и Ј. Л. склучило  предлог-спогодби. Осомничените, како помагачи, врз основа на предлог-спогодба се правосилно осудени со пресуди за едно продолжено кривично дело – злоупотреба на службената положба и овластување. Од Обвинителството не ја наведуваат висината на казна.

За останатите девет лица опфатени со истрагата за предметот „Јагула“ донесена е наредба за запирање на постапката.​

Петрески помина пет месеци во притвор, по што во април 2015 година Судот ја прифати понудената гаранција и тој беше пуштен од притвор.

Ексградоначалникот на Охрид, Петрески, пуштен од притвор – понудил кауција од 285 илјади евра во недвижен имот

Приведен поранешниот охридски градоначалник и десетина негови соработници