/ Прочитано:

787

Поднесено обвинение за граѓанин кој затаил персонален данок на доход

По спроведена претходна постапка, Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен предлог против едно лице кое се товари за кривично дело – Даночно затајување според член 279 став 1 од Кривичниот законик.

Во периодот од 2014 до 2018 година, обвинетиот во својство на физичко лице, одбегнувал плаќање на персоналниот данок на доход. Иако во наведениот период остварил приходи од 38.939.778 денари, тој приходите не ги навел во даночните пријави со што затаил персонален данок на доход во износ од 713.895 денари на штета на Буџетот на РСМ.​

М.В