/ Прочитано:

1.342

Поднесено обвинение за употреба на фалсификувана лична карта

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен предлог против  државјанка на Република Србија, која се товари дека извршила кривично дело – Фалсификување на исправа од членот 378 ставот 3 во врска со ставот 1 од Кривичниот законик.

„Обвинетата, на 5 октомври, со умисла употребила лажна јавна исправа како вистинска. Имено, таа со фалсификувана македонска лична карта на друго име се легитимирала пред вработен во пријавницата на КПУ ‘Идризово’ – Скопје, со намера да влезе во затворот и да го посети нејзиниот вонбрачен сопруг.

Бидејќи постои реална опасност од криење и бегство на обвинетата која е странски државјанин, надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и посебен предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор“, соопштуваат од Обвинителството.

М.В