/Прочитано:

809

Подносителите на иницијативата за оспорување на Одлуката за референдум: Срамен ден за владеењето на правото

Подносителите на иницијативата за оспорување на Одлуката за распишување на референдумот, Димитар Апасиев од „Левица“ и Тодор Петров од „Светскиот македонски конгрес“, по одлуката на Уставниот суд да не поведе постапка, изјавија дека денеска е погребана правдата и дека не преостанува ништо друго, освен бојкот на референдумот.

„Ова е срамен ден за владеењето на правото во Република Македонија. Денес е погребана правната држава преку политичка, а не правна одлука на судиите“, рече Апасиев, додавајќи дека  бојкотот останува како единствено масовно средство за враќање на правната држава.

„Има сознанија дека уставните судии се повикувани на разговор пред денешната седница. Наше, како јавност, е да видиме кој ги повикувал судиите и кој се обидувал да им влијае за исходот од оваа иницијатива“, рече Апасиев.

Од Владата велат дека нема да толкуваат одлуки на Уставниот суд во ниту една ситуација.

„Тоа што го имавме ние за референдумот го искажавме повеќе пати. Сметаме дека тоа е највисокото демократско право на еден граѓанин во една слободна демократија“, рече владиниот портпарол Миле Бошњаковски.

Со 7 гласа „против“ и 2 гласа „за“, Уставниот суд денеска одлучи дека нема уставни пречки во постапката за распишување на референдумот за 30 септември.

„Судот не изрази сомнеж за уставноста и законитоста на Одлуката“, официјално известија од Уставниот суд веднаш по гласањето на уставните судии за уставноста на оспорената одлука за распишување на референдумот.

За мнозинството уставни судии оспорената одлука за референдумот не е противуставна

Оспорената одлука за распишување на референдумот на седница на Уставниот суд

ДИК го усвои Кодексот за набљудување на референдумот

Левица поднесе иницијатива пред Уставниот суд за поништување на собраниската одлука за референдумот

Проверката на податоците во Избирачкиот список за спроведување на референдумот ќе трае до 23 август

Јавна седница на ДИК за прашања поврзани со референдумот

Изгласана Одлуката за референдум за консултирање на граѓаните

Предлог-одлуката за референдум за консултирање на граѓаните поднесена од група пратеници

Процедурите во Договорот со Грција кои се однесуваат и на зачленувањето на Македонија во НАТО

Дескоска: Со Законот за референдум не може да се менува цензусот за референдум бидејќи цензусот е уставна категорија

Претседателот Иванов донесе одлука да не го потпише указот за Законот за ратификација на договорот со Грција

Сè уште нема конечна одлука дали ќе се менува Законот за референдум, вели министерката за правда

Што се предвидува во Договорот со Грција за употребата на придавките во однос на „јавните институции и приватните ентитети“

Собранието го ратификуваше договорот со Грција

Предлог-законот за ратификација на договорот со Грција во собраниска процедура по скратена постапка

Владата ќе го достави Предлог-законот за ратификација на договорот со Република Грција

Предвидените внатрешни правни постапки во потпишаниот договор со Грција потребни за негово влегување во сила

Владата го објави текстот на договорот со Грција 

М.В