/ Прочитано:

891

Подобрена наплатата на ДДВ во првото полугодие од спроведувањето на МојДДВ

За 11% е подобрена наплатата на ДДВ во првото полугодие од спроведувањето на МојДДВ. Министерката за финансии, Нина Ангеловска, во вчерашното гостување во емисијата „Топ тема“ рече дека подобрувањето на наплатата на ДДВ е показател дека мерката дава резултати во сузбивањето на сивата економија, а 260.000 граѓани контролори за тоа добиваат награда преку повратот на ДДВ, но и преку наградната игра МојДДВ #МојаНаграда.

„Кост бенефит анализата покажува дека МојДДВ е успешна мерка која дава резултати. МојДДВ е мерка за стимулирање на наплата на приходите, како резултат на данокот на додадена вредност, и меѓу другото да ги награди граѓаните со поврат додека се контролори и ги бараат фискалните сметки. Ако ги земете шесте месеци од јули до крајот на годината од воведување на мерката, 7 милиони евра биле вратени назад кај граѓаните. Околу 260.000 граѓани скенираат сметки, тоа се 260 илјади контролори на кои сме им вратиле средства. Наплатата на ДДВ е зголемена за 11% во шесте месеци откако е воведена мерката во споредба со лани периодот. Кост бенефит анализата покажува дека ако би бил нормален раст од 6% без мерката – што не е толку, бидејќи просекот е 3,5% на раст на ДДВ во последните 10 години, со мерката се дополнителни 23 милиони евра приходи прибрани како резултат на МојДДВ. Значи, со 7 милиони евра сме имале ефект од 23 милиони евра“,  вели Ангеловска.

Ангеловска посочи дека мерката во извештаите на Европската комисија е цитирана како една од најдобрите мерки за справување со сивата економија. Граѓаните кои скенираат сметки имаат трикратна корист – помагаат во сузбивање на сивата економија, што ќе придонесе во иднина да добиваат подобри јавни услуги, добиваат поврат на ДДВ и добиваат можност за награда преку наградната игра МојДДВ #МојаНаграда.

Втора исплата од МојДДВ во согласност со Законот за враќање на дел од ДДВ кај физичките лица

Започна исплатата за МојДДВ за второто тримесечје

УЈП: Исплатата на повратот од ДДВ е во тек

Детали за наградната игра за МојДДВ, која започнува во недела

Исплата на парични средства за „MојДДВ“

Соопштение од УЈП во врска со „Мој ДДВ“

Десктоп апликација на МојДДВ за скенирање и сторнирање на фискални сметки

Државната лотарија и УЈП ќе организираат наградна игра „Мој ДДВ, моја награда“

УЈП: Веб-апликацијата „МојДДВ“ за увид во износот на поврат и бришење на фискални сметки достапна за граѓаните

Граѓаните скениралe речиси 7 милиони фискални сметки

Сторнираните фискални сметки компаниите сами ќе ги пријавуваат во УЈП

УЈП: Симнете ја апликацијата ,,Мој ДДВ” и скенирајте ги фискалните сметки

Донесен Законот за враќање на дел од ДДВ на физичките лица

Законот за враќање на ДДВ на собраниска седница и пред Законодавно-правната комисија по скратена постапка

Законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност на физичките лица во собраниска процедура

Презентиран Законот за враќање на 15% од ДДВ на граѓаните

Поврат на ДДВ: Само најбогатите домаќинства ќе можат да вратат една просечна плата

М.В