/ Прочитано:

920

Покренато обвинение против браќата Карабатиќ

Среда, 3 октомври 2012 – Браќата Карабатиќ се разочарале од француските медиуми праќајки порака преку својот адвокат дека сонот им е изгубен, а овој кошмар не само што ги уништил двајцата, туку и нивниот татко.  Вчера вечерта завршил распитот на осомничените пред истражниот судија во судот во Монпелје. Против седуммина е покренато обвинение, но се ослободени со кауција за да се бранат од слобода, пренесува хрватски „Јутарњи лист“. 

Лево: Лука Карабатиќ, десно: Никола Карабатиќ

Адвокатот на браќата Карабатиќ,  Ерик Дупонд Морети доцна синоќа на насобраните новинари пред суот  им пренел трогателна од пораката на Никола дека тој е огорчен поради односот на новинарите и обвинението дека заедно со неговиот брат го продале натпреварот.

„Не обвинија дека сме лажеле, а ние не ни игравме. Дали сум се обложувал?, Па јас не се ни обложував, мојата девојка се обложила на пораз на натпреварот. Oткако сум роден мојот живот е посветен на ракометот. Зборовите дека сум криминалец за мене се кошмар. Ни ги уништивте соновите, и на мене и на мојот татко“, им пренел на новинарите преку адвокатот, ѕвездата на ракометот, Никола Карабатиќ.

Неговиот брат Лука и играчот Младен Бојиновиќ пред судот признале дека се обложиле на првото полувреме на натпреварот Монпелје-Севињо, но Никола негирал дека тој лично се обложувал.

Досега покренато е обвинение против седуммина , меѓу нив е и сопственикот на барот за кој се смета дека тој е иницијаторот на продавањето на натпреварот. Според обвинението тој наводно се обложил со 25.000 евра откако телефонски се слушнал со девојката на Лука, Џени Прајз. Пуштен е на слобода со судски надзор, откако платил кауција, исто како и останатите обвинети.

>> Франција шокирана: Карабатиќ го продал клубот за помалку од својата годишна плата

Онеста: Јавноста да не ги осудува додека не се докаже дека се виновни

Претседателот на француската ракометна презентација Клауд Онеста изјавил дека жали што ракометарите се приведени под сомнение дека се обложувале илегално, но додал дека не сака јавноста да ги осуди без цврсти докази.

„Ова е првпат да се сретнеме со ваква ситуација, особено кога беа во тек Олимписките игри во Лондон, не знаевме дека во тоа време постои истрага. Не е добро што сега тие се влечат низ кал како да се веќе виновни“, изјавил Онеста.

Според Онеста во овој случај мора да се почитува презумпцијата на невиност. Во овој момент многу лошо се зборувало за Никола Карабатиќ,  а тој бил бил лице за пример.

„Карабатиќ беше одличен на Олимписките игри во Лондон, жал ми е за сите играчи затоа што многу ги почитувам. Сепак, ако направиле сериозен прекршок мора адекватно да бидат казнети. Очекувам истрагата да продолжи и уверен сум дека доколку бидат прогласени за виновни, ќе ја прифатат казната“, рекол Онеста.

Вкупно 18 лица, од кои деветммина се поранешни  и сегашни играчи на „Монпелје“ се осомничени за илегално обложување и местењето на натпреварот меѓу францускиот првак и Сесињо, каде што францускиот првак изгубил до 28:31.  Од играчите осомничени се Никола и Лука Карабатиќ, Мајкл Робин, Семјуел Орубија, Висен Хмам, Младен Бојиновиќ, Примош Прост, Драган Гајиќ и Вид Кавтичник.