/ Прочитано:

843

Покренато обвинение против новинар на „Ројтерс“ за заговор со „Анонимуси“

Петок, 15 март 2013 – Американските власти вчера подигнале обвинение против новинарот на Ројтерс, Метју Кис за учество во заговор заедно со хакерската група „Анонимуси“. Според обвинението, новинарот на хакерите им дал информации за серверите на медиумската коорпорација „Трибјун компани“, со цел тие да упаднат и направат хаос на интернет страната на еден од нивните медиуми, „Лос Анџелес Тајмс“, пишуваат светските медиуми. 

Извадок од обвинителниот акт против Метју Кис каде е претставен разговорот меѓу Кис кој го користи прекарот „AESCracked“ и еден припадник на „Анонимуси“

Додека медиумите се преполни со веста за обвинението против заменик уредникот на социјалните мрежи на „Ројтерс“ за наводно учество во заговор, тој и се обрати на јавноста преку својот „Фејсбук“ и „Твитер“ профил – „Добро сум, се ќе биде во ред“.

Наводниот заговор се случил пред тој да влезе во медиумскиот гигант „Ројтерс“ како заменик уредник за социјални мрежи. Доколку биде осуден му се заканува казна затвор до 10 години и парична казна од 250.000 долари.

Пред да влезе во „Ројтерс“, Кис работел во медиумската коорпорација „Трибјун компани“ кој вклучува повеќе познати светски медиуми. Според обвинението, на „Анонимуси“ им ги дал серверските информации на „Трибјун компани“ со цел тие на направат упад во сајтот на „Лос Анџелес Тајмс“.

Од „Ројтерс“ засега не сакаат да го коментираа обвинението потенцирајќи дека делото за кое се товари Кис се случило во 2010 година, а тој им се приклучил на „Ројтерс“ во 2012 година. Ниту неговата одбрана засега не излегува со информации.